Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, со поздравно обраќање, го отвори 27-от Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, што од 25 до 28 септември се одржува во Охрид.
Скопје, 27.09.2024 година - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, денеска одржаа прес-конференција на која го најавија стартувањето на заедничките активности за почист воздух
На 23.09.2024 година, во просториите на Стопанска комора беше одржана студиска посета на преставници од Министерство на животна средина и туризам и Министерство за енергетика и инфраструктура на Албанија во рамките на проектот “Поддршка за преговорите на Албанија за животна средина, поглавје 27-фаза на тема: “Мониторинг на квалитетот на воздухот и предизвиците за неговот подобрување”.
(Најава) Прес конференција на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска
Согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување на долгорочен и одржлив систем за управување со отпад, МЖСПП подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина.
Информација за одржување на јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект Постројка за третман на автомобилски и комерцијални отпадни масла во општина Сарај, Скопје, за потребите на инвеститорот ДТУ “БИС ОИЛ“ ДОО од Скопје
Ве информираме дека на 9 февруари 2018 година (петок) министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки ќе се обрати на промоцијата на резутати на ИПА проектот „Реконструкција на канализационата мрежата во Куманово“
Ве известуваме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, ќе престојува во Подгорица, Црна Гора во периодот од 7-9 февруари.