Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со директорката на ИОМ, Соња Божиновска Петрушевска

16.09.2024
(Скопје, 16.09.2024г.) Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска се сретна со делегација на Меѓународната организација за миграција - ИОМ

Прогласување на Палеонтолошки локалитет - Змијовец за природна реткост

12.09.2024
Палеонтолошки локалитет – Змијовец со РЕШЕНИЕ донесено од министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и објавено во Службен Весник на Р.С.М. бр:189/2024 од 11.09.2024 е прогласено за природна реткост.

МЖСПП: Подготвен e нацрт на Националната стратегија за управување со отпад (2024-2036)

12.09.2024
Согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување на долгорочен и одржлив систем за управување со отпад, МЖСПП подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина.

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија

12.09.2024
(Вашингтон, 11.09.2024г.) Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од министерката за енергетика, рудници и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија.

Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година

11.09.2024
(ВАШИНГТОН, 11 септември 2024 г.) „Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година, почитувајќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија“

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со американскиот помошник секретар за енергетски ресурси, Џефри Рос Пајат

10.09.2024
(Вашингтон, 10 септември 2024г.), За време на официјалната посета на Соединетите Американски Држави, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари работна средба со помошник-секретарот на САД за енергетски ресурси, Џефри Рос Пајат.

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со американскиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан

10.09.2024
(Вашингтон, 10.09.2024г.) Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ја започна официјалната посета на Вашингтон со средба со заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф.

Првиот вицепремиер Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток

10.09.2024
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на Деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа