Проект за регулација на речно корито на Сува Река

28.12.2024
Во однос на реализацијата на проектот „ Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ кое минува низ неколку населени места на општината, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во моментот се чека согласност од Владата на Република Северна Македонија по доставена Информација за измена на динамика и вредност на проектот на повеќегодишна јавна набавка за финансирање.

Соопштение

25.12.2024
Министерот за животна средина и просторно планирање донесе УПАТСТВО за постапување на општините, општините во градоот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила.

МЕЏИТИ: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

25.12.2024
Скопје, 25.12.2024г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци.

Божиновска и Меџити во партнерство за чист воздух и обновлива енергија за Скопје - електрични возила и кар-шеринг како решение за загадувањето

23.12.2024
Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива и зелена иднина со поддршка и потпишување на писмо со намери со реномираната компанија 'Avant Car' која го реализира првиот проект за 100% електричен кар-шеринг во Скопје

Покана до медиумите

23.12.2024
Почитувани, Ве покануваме на настан кој ќе се одржи денес, понеделник, 23 декември 2024 година, во 11:15 часот, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија. Настанот е по повод заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Меџити: Русино ќе ја претвориме во современа регионална санитарна депонија за цел полог

20.12.2024
Гостивар,  20.12.2024 г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во придружба на градоначаникот на Гостивар Валбон Лимани денеска го посети претпријатието ‘Русино-Полог’ во Гостивар, каде се сретна со директорот на претпријатието, Сазан Хорвати  а по средбата, тие заедно ја посетија депонијата Русино, која опслужува 9 општини од Полошкиот регион, со 184 населени места, односно 322 илјади жители.

Соопштение

19.12.2024
Ве информираме дека утре, (20.12. 2024), петок со почеток во 11:00 часот , првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе го посети претпријатието Русино во Гостивар, каде ќе се сретне со менаџментот на претпријатието, и заедно ќе ја посетат депонијата Русино.

Меџити: решаваме витални проблеми на граѓаните

19.12.2024
Скопје, 19.12.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска во придружба на градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, учествуваше на церемонијата на поставување камен-темелник на новиот мост во село Цветово, општина Студеничани.

Меџити: Високо го цениме придонесот на светската банка во борбата против загадувањето на воздухот

18.12.2024
Скопје, 18.12.2024 г.  Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска учествуваше на конференцијата за чист воздух организирана од Светска банка во рамки на Регионалната програма за техничка поддршка за квалитетот на воздухот

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

18.12.2024
Скопје, 18.12.2024  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, присуствуваше и се обрати на денешната еко-акција „Еден милион садници за пет години“ на Халк Банк во Скопје.