Тетово, 9.01.2025г. Денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети општина Тетово каде оствари средба со градоначалникот Биљал Касами.
Денеска, на повик на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа координативен состанок со претставниците на институциите што имаат обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“.
Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 09.01.2025г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица.
МЖСПП ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
(08.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.