Одделение за соработка со локална самоуправа

Одделение
Го следи навременото донесување на прописите кои општините ги носат согласно законите од областа на животната средина и просторното планирање
Одделение за соработка со локална самоуправа

Врши надзор над законитоста на одлуките (поединечни и општи) донесени од градоначалниците на ЕЛС, го координира спроведувањето на претходниот надзор над прописите и управните постапки на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, ја координира меґуопштинската соработка од областа на животната средина со цел поефикасно и поекономично извршување на одредени надлежности од страна на општините.

 

Дејност и обврски на одделението:

  • Спроведување на управен надзор над законитоста на актите донесени од страна на единиците на локалната самоуправа во областите на животна средина и просторно планирање
  • Го следи процесот на реформите во локалната самоуправа и предлага мерки за нивна имплементација. 
  • Води евиденција на надлежностите на ЕЛС, на кадровската екипираност на ЕЛС за спроведување на надлежностите во управувањето со животната средина
  • Дава предлози за политики по начелни прашања за областите во кои се врши надзорот го организира надзорот над спроведувањето на законите и прописите од областа на животната средина, како и на законитоста на работата и постапувањето на органите на локалната самоуправа
  • Врши надзор над законитоста на работата на организационите единици за вршење на инспекциски надзор во животната средина на локално ниво формирани во рамките на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30