Известување

Announcements
Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина
19.08.2024

Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното  

 
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (УП1—15-1205 од 10.06.2024 год) за плански документ Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) (2024-2036) со што е отпочната процедура за стратегиска оцена на планскиот документ.

Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт НСУО ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП (https://moepp.gov.mk) и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08.00 до 16.00 часот во текот на периодот за јавен увид (19.08.2024 – 19.09.2024). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението. 
Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржат во:

  • Тетово, 29.08.2024, во 11.00 – 13.00 часот, во општинската сала,
  • Струмица, 30.08.2024, во 10.00 – 13.00, во општинската сала,
  • Штип, 30.08.2024, во 15.00 – 17.00, во општинската сала,
  • Охрид, 02.09.2024, во 13.00 – 15.00, во општинската сала,
  • Битола, 03.09.2024, во 11.00 – 13.00, во општинската сала,
  • Скопје, 04.09.2024, во 11.00 – 13.00 во Клубот на пратеници.

Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена може да се достават на следниот начин:

  • електронски на следната адреса: A.Karanfilova@moepp.gov.mk (контакт лице Каранфилова Мазневска)
  • по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад)
     
Submitted by alfa4 on 19.08.2024 - 15:20