Средба со швајцарската амбасадорка Улман

News
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со швајцарската амбасадорка H.E Вероник Улман
Средба на заменик министерската Лашкоска со швајцарската амбасадорка Улман
27.08.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со швајцарската амбасадорка H.E Вероник Улман

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со швајцарската амбасадорка H.E Вероник Улман на која разговараа за актуелни прашања поврзани со заедничките проекти.

Заменик министерката Лашкоска се заблагодари за досегашната соработка истакнувајќи дека  Швајцарската Влада е една од најголемите поддржувачи на нашата држава во делот на заштита на животната средина и природата. Беше потенциран прогресот на проектите со поддршката на во делот на управување со водите, управување со отпадот, како и заштита на природата.

 

 

Амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната соработка, но и решителност во правец на продлабочување на истата со нова поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во постигнување на целите за заштита на животната средина.

Submitted by alfa4 on 27.08.2024 - 15:37