Според заменик министерката Оџаклиеска, техничките комитети често имаат клучна улога во различните индустрии и академски полиња, овозможувајќи здружување на експертите при решавање на специфични технички прашања, развој на стандарди или реализирање на напредни истражувања.
- Овие експерти играат важна улога во унапредувањето на знаењето, поттикнувањето на иновациите и промовирањето на извонредноста во соодветните области, што се остварува преку соработка и посветеност кон постигнување на заедничките цели – истакна заменик министерката Оџаклеска.
На настанот се дискутираше за процесот на стандардизација, за CEN-CENELEC стратегијата 2030 и приоритетите за 2024 година, како и за стандардизацијата при поддршка на политиките и законодавството на ЕУ