Оџаклиеска на отварањето на обука на ИСРСМ

Lajme
Наменета за експерти - претставници на индустријата и академијата од технички комитети
Oбука на ИСРСМ наменета за експерти - претставници на индустријата и академијата од технички комитети
22.02.2024
Оџаклиеска учествуваше на отварањето на обуката на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) наменета за експерти од технички комитети кои ги претставуваат индустријата и академијата

Според заменик министерката Оџаклиеска, техничките комитети често имаат клучна улога во различните индустрии и академски полиња, овозможувајќи здружување на експертите при решавање на специфични технички прашања, развој на стандарди или реализирање на напредни истражувања.

- Овие експерти играат важна улога во унапредувањето на знаењето, поттикнувањето на иновациите и промовирањето на извонредноста во соодветните области, што се остварува преку соработка и посветеност кон постигнување на заедничките цели – истакна заменик министерката Оџаклеска.

На настанот се дискутираше за процесот на стандардизација, за CEN-CENELEC стратегијата 2030 и приоритетите за 2024 година, како и за стандардизацијата при поддршка на политиките и законодавството на ЕУ

Galeria
Submitted by alfa4 on 22.02.2024 - 10:00