Петти јубилеен Ден на НИПП

News
Учество на Шукова на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци во Република Северна Македонија
Шукова на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци во Република Северна Македонија
21.02.2024
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска учествуваше на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во Република Северна Македонија

Се разговараше за актуелностите во НИПП, а беа презентирани и постигнатите резултати во нашата држава, како и позитивните искуства од државите од регионот.

Во своето воведно обраќање, министерката Шукова информираше дека Министерството за животна средина и просторно планирање  од самиот почеток е активно вклучено во воспоставувањето на Националната инфраструктура за просторни податоци и Геопорталот на НИПП кој овозможи интегрирање на просторните податоци од различни извори во една мрежа, а учествуваше и во изработката на законското решение, а подоцна и во номинирање на член во советот и работната група за технолошки прашања.

1
2
Податоци
Информативен систем
- Во последниве неколку години нашето Министерство засилено инвестира во развој на ВЕБ ГИС апликацијата за прибирање, обработка и презентирање на геопросторните податоци од делокругот на работењето на Министерството

Оваа година обезбедивме  средства за изработка на ВЕБ базиран информативен систем и интегрирање на геопросторните податоци во гео-дата база согласно INSPIRE директивата. Наша цел и предизвик е да овозможиме побрза и поефикасна обработка на барањата испратени од заинтеренсираните субјекти што се однесуваат на просторна идентификација, издавање на мислења, одобренија, дозволи и слично, а пред се да го олесниме јавниот пристап до податоците поврзани со заштитата и следењето на животната средина – истакна таа.

Инаку, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за катастар на недвижности, која ги координира НИПП активностите и е надлежна за воспоставување и одржување на пристапот до геопорталот за НИПП, имаат потпишано Меморандум за соработка, со што е потврдена подготвеноста за размена на геопросторни податоци помеѓу овие две институции.

На настанот се обрати и Фатмир Битиќи, претседател на Советот на НИПП и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестициии директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев, а  учество земаа и гости од повеќе земји од регионот кои го презентираа нивното искуство од областа на националната инфраструктура на просторни податоци.

Галерија
Submitted by alfa4 on 21.02.2024 - 10:00