
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија , а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање.
На состанокот се направи пресек на реализираните активности во изминатата година и се презентираа плановите за наредната.



Во делот на реализација на мерки за урбана отпорност се елаборираа зафатите за чистење на атмосферската мрежа во градот Гостивар и изградба на атмосферска мрежа во градот Тетово, во делот на стабилизација на свлечишта беа претставени реализираните проектите: стабилизација на свлечиштето во Сенакос, стабилизација на свлечиштето во Ломница, стабилизација на свлечиштето во Долна Лешница, стабилизација на свлечиштето во Старо Село, стабилизација на свлечиштето во Пирок и свлечиштето во Јеловјане и стабилизација на свлечиште во ХЕЦ Пена.
Во рамки на третата компонета, пошумување како анти-ерозивна мерка, вкупно пошумена површина до 2023 година изнесува 41 ха, а ЈП Национални шуми обезбеди 5.000 садници за пошумување во Националниот парк Шар на површина од 2 ха во Селце и што ќе се спроведе во тековната година. Исто така, беа претставени и планираните акиовности за тековната година. Проектот се спроведува во континуитет од 2017 годнина, а за негова реализација Швајцарија обезбеди над 13 милиони долари.
Заеднички став беше дека одржливост на проектот и заштита на населението и животна средина во овој регион којшто е исклучително изложен на ризици од поплави, свлечишта и други природни непогоди, може да се постигне само со максимално вклучување на сите засегнати страни, особено локалните власти и населението преку подигнување на свеста и развивање на позитивни навики и однсувања во однос на управувањето со отпад, заштитата на шумите и сл.