Оџаклиеска на презентација

News
Оџаклиеска на презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија
Презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија
28.02.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска учествуваше на презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска учествуваше на презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“.  Во документот се утврдуваат проблемите и предизвиците од аспект на законската рамка и од аспект на надлежностите на релевантните институции во обезбедување на квалитетен амбиентен воздух, а воедно се генерираат и препораки за целосна превенција од загадување на амбиентниот воздух.

 

1
2
Обраќање
Стратешки приоритети
Заменик министерката Оџаклиеска во своето обраќање нагласи дека подобрувањето на квалитетот на воздухот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што се реализира со поддршка од јавните институции и донаторските проекти.

Заменик министерката Оџаклиеска посочи и дека во последно време се повеќе се зајакнува поддршката на МЖСПП за општините во спроведувањето на нивните законски обврски во делот на управување со квалитетот на воздухот, со цел остварување на заедничката цел: Подобар квалитет на воздух и здрава животна средина за генерациите кои доаѓаат.

Gallery
Submitted by alfa4 on 28.02.2024 - 10:00