Meџити со апел до претставниците на невладините организации да аплицираат на конкурсот со проекти за подобра животна средина

News
Работен состанок со представници на невладини организации и здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина
Meџити со апел до претставниците на невладините организации да аплицираат на конкурсот со проекти за подобра животна средина
15.04.2025

Скопје, 15.04.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес имаше работен состанок со представници на невладини организации и здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина, на кој информираше околу  Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година.
Меџити на состанокот го истакна значењето невладините организации да аплицираат во конкурсот.

 ‘Целта на оваа Програма е да се поттикнат и финансираат конкретни проекти, активности и иницијативи кои ќе придонесат за заштита, унапредување и одржливо управување со нашата животна средина – нешто што е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани’ изјави Меџити додавајќи дека НВО-ата има многу значајна улога во делот на подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со заштитата на животната средина.

Дел од овие финансиски средства, информира Меџити се  обезбедуваат од еколошката такса при регистрација на моторни возила, дел од надоместок за био-разградливи кеси за пазарење, надомест кој го плаќаат операторите на инсталации со А – интегрирана еколошка дозвола и средства од други владини услуги, што во пракса значи парите на граѓаните ги враќаме пак кај граѓаните.
На состанокот се истакна дека транспарентноста и објективноста се основата на пристапот на МЖСП, а критериуми за невладините организации се да бидат регистрирани најмалку една година пред конкурсот, да делуваат во интерес на јавноста и да немаат поднесено ист проект за финансирање до други извори.

Рокот за аплицирање е до 29 април, во одделни обрасци и формулари, кои се достапни на официјалната веб-страна на Министерството.

Gallery
Submitted by alfa4 on 15.04.2025 - 12:57