Се реафирмира соработката со Чешка Република во областа животна средина

News
Билатерална средба со заменик министерот на чешкото Министерство за животна средина  Франтишек Талир
Се реафирмира соработката со Чешка Република во областа животна средина
11.03.2025

Прага, 11.03.2025г. Денес, заменик министерката Ане Лашкоска, учествува на 3-тата сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка која се одржува во Прага, Чешка Република.

Во рамки на оваа официјална посета, заменик министерката Лашкоска оствари билатерална средба со заменик министерот на чешкото Министерство за животна средина  Франтишек Талир. На средбата, од двете страни беше реафирмирана досегашната соработка меѓу двете држави во областа животна средина и се отворија нови можности за продлабочување на истата, особено во делот на управување со водите, инвентаризација на опасните хемикалии, квалитетот на воздух и заштитата на природата.

3-тата сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка, заврши со потпишување на Протокол за соработка помеѓу министерката за енергетика, рудатство и минерални суровини, Сања Божиновска во име на Владата на РСМ и заменик министерот заиИндустрија и трговија на Чешката Република Јан Кавалирек

Gallery
Submitted by alfa4 on 11.03.2025 - 14:47