Воведувањето на еколошко управување со отпад во Тетово од страна на Автриската компанија Заубермахер модел за сите општини во земјава

News
Изет Меџити денеска беше дел од Австриско - македонскиот форум за животна средина
Воведувањето на еколошко управување со отпад во Тетово од страна на Автриската компанија Заубермахер модел за сите општини во земјава
12.03.2025

Тетово, 12.03.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска беше дел од Австриско - македонскиот форум за животна средина што се одржи во Тетово.

На настанот на кој присуствуваа и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, градоначалникот на Тетово Биљал Касами, австрискиот и словенечкиот амбасадор Мартин Памер и Грегор Прескер, Меџити рече дека овој форум е одлична можност за размена на искуства, идеи и стратегии што можат да се спроведат во нашите заедничките акции за заштита на природата и нашите ресурси.

‘Австрија има долга историја на заштита на природата и постигна извонредни резултати во областите на рециклирање, обновливи извори на енергија и зачувување на биолошката разновидност. Исто така, Македонија, со своите богати природни ресурси, има извонредна можност понатаму да развива еколошки политики и практики кои ќе донесат конкретни придобивки за нејзините граѓани и глобалната животна средина. Затоа оваа соработка, во делот на управувањето со комуналниот отпад, во една од најголемите општини во Полошкот регион е особено значајна за нас, бидејќи добрите практики од австрискиот начин на управување со комуналниот отпад можеме да видиме како се имплементираат и во нашата земја. Верувам дека ова ќе биде добар пример и за останатите општини’

- изјави пред присутните првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Она што е особено важно на овој форум е меѓународната соработка, рече Меџити,  и фактот што ние како две пријателски земји, Австрија и Македонија, имаме големи можности да учиме едни од други и да споделуваме знаења и успешни практики во областа на управувањето со животната средина.

Австриско-македонскиот форум за животна средина се организира по повод првата годишнина од јавното-приватно партнерство  помеѓу австриската компанија Заубермахер и општина Тетово чија основна дејност е воведувањето на еколошко управување со отпад и има за цел размена на искуства за предизвиците, успесите и можностите во регионот во управувањето со отпад.

Submitted by alfa4 on 12.03.2025 - 13:45