Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски

News
На барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка о
Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски
24.02.2025

Скопје, 24.02.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес, на барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии.

Министерот Меџити информира дека владината процедура за усвојување на предлогот на Законот за климатска акција е во тек, и дека се работи на адресирање на коментарите и мислењата добиени од институциите за што се одржаа средби со различни институции.
Во однос на постапките за оценка на влијанието врз животната средина, министерот Меџити истакна дека  стои зад решенијата кои не се во спротивност со начелата за заштита на животната средина и биолошката разновидност.

Двајцата соговорници разменија мислења за исполнувањето на Европските барања според Директивата за оценка на влијанието врз животната средина, статусот на Законот за климатска акција и механизмот за мониторинг, известување и верификација на емсии на стакленички гасови, како и други прашања од заеднички интерес.

Двајцата соговорници се заложија за унапредување на веќе добро воспоставената соработка.

Gallery
Submitted by alfa4 on 24.02.2025 - 16:40