СЕА Известување

Announcements
Отпочна процедура за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националната стратегија за управување со тиња (2024-2034)
СЕА Известување
25.02.2025

Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното   

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (11-7663/1 од 10.12.2024 год.), отпочна процедура за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националната стратегија за управување со тиња (2024-2034) и подготви нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна (СОЖС).

Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт НСУТ ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП (https://moepp.gov.mk ) и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08.30 до 16.30 часот во текот на периодот за јавен увид (254.02.2024 – 25.03.2025). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението. 

Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржат во:

  • Скопје, 10.03.2025, во 10.00 – 12.00 часот, во Клубот на пратеници.
  • Струмица, 11.03.2025, во 10.00 – 12.00 часот, во салата на советот на општината,
  • Кочани, 11.03.2025, во 14.00 – 16.00 часот, во мултикултурниот центар,
  • Охрид, 12.03.2025, во 12.00 – 14.00 часот, во општинската сала,
  • Прилеп, 13.03.2025, во 12.00 – 14.00 часот, во општинската сала,
  • Кичево, 17.03.2025, во 11.00 – 13.00 часот, во општинската сала.

Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена и нацрт НСУТ може да се достават на следниот начин: 

  • електронски на следните адреси: a.karanfilova@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk
  • по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор за отпад).
     
Submitted by alfa4 on 25.02.2025 - 10:52