Информација до медиуми

Announcements
СДСМ и денеска со својата прес-конференција ја покажа неспособноста да чита и разбира документи, како што не знаеше да ги чита потребите на граѓаните во последната деценија на владеењето со ДУИ
Информација до медиуми
24.02.2025

Ја разбираме нервозата на тандемот СДСМ-ДУИ, што доаѓа по последователните скандали кои секојдневно се откриваат, а кои го изнесуваат на виделина нивното катастрофално владеење.

Ја разбираме оваа загриженост, која се појавува во време кога ова Министерство и оваа Влада за неколку месеци реализираат проекти со буџети што тандемот СДСМ-ДУИ ги нема спроведено долги години во нивното неспособно владеење.
Власта на СДСМ и ДУИ е синоним за лошо управување на државата и масовна корупција, која им го отежна животот на граѓаните во секоја област.

СДСМ и денеска со својата прес-конференција ја покажа неспособноста да чита и разбира документи, како што не знаеше да ги чита потребите на граѓаните во последната деценија на владеењето со ДУИ.

Замислете, тандемот СДСМ-ДУИ што злоупотреби стотици милиони евра од државата за време на КОВИД-кризата, енергетската и инфлациската криза, тандемот што даде лиценци на 20 фабрики за марихуана, стотици казина во секое маало, со вицепремиери на црни листи, се обидува да создаде тема од една административна постапка која самата СДСМ со ДУИ ја имаат поставено и која ние ја елиминираме.
Министерството за животна средина и просторно планирање е транспарентно и отворено за секое истражно тело или медиум што сака да ја провери ситуацијата.

Реакциите на СДСМ и ДУИ доаѓаат во време кога Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со Државниот инспекторатот за животна средина, секојдневно откриваат безброј скандали од претходната власт.

Submitted by alfa4 on 24.02.2025 - 16:12