Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција Кристоф Ле Риголер

News
Работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција
Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција Кристоф Ле Риголер
18.09.2024

Скопје, 18.09.2024 год. Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на работна средба на новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристофе Ле Риголер.

На средбата Меџити и Ле Риголер заклучија дека односите меѓу двете земји се одлични, со можност за нивно продлабочување, како на билатерален, така и преку соработка со Европската Унија.

 

Работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција

 

Тема на состанокот беше интеграцијата во Европската Унија, користењето на ИПА фондовите и имплементацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција, во рамки на ИПА II Програмата, до крајот на 2026 година.

Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да воспостави систем за управување со цврст отпад и да ја подобри инфраструктурата за третман на отпадните води и дека француските компании се добредојдени да учествуваат во овој процес особено важен за нашата земја.

На средбата беше констатирано дека во соработка со Француската агенција за развој - ФАР се реализираат проекти на централно и локално ниво во различни општини.

Gallery
Submitted by alfa4 on 18.09.2024 - 15:45