Првиот вицепремиер Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер

News
Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој
Првиот вицепремиер Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер
19.09.2024

19.09.2024 година Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер.
 
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави кои што имаат потпишано Спогодба за развојна соработка помеѓу Владата на  Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија и формирано заедничка Мешовита комисија за билатерална соработка помеѓу двете влади.

 

Првиот вицепремиер Меџити на средба со словенечкиот амбасадор Прескер


 
Вицепремиерот Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.
 
Амбасадорот Прескер ја потврди подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.

Покрај другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.

Gallery
Submitted by alfa4 on 19.09.2024 - 15:00