Учество на 19-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и13-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина

Ads
05.07.2017
Geneva_katerinanikolovska_2017Во периодот од 27.06 до 30.06.2017 година во Женева, Швајцарија, се одржа 19-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и13-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE). Со состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина претседаваше Катерина Николовска, која е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.
  • На состанокот детално беа презентирани годишните активности на работната група согласно продолжениот мандат, за периодот од 2018 до 2021 година
  • Презентирани беа спроведените активности за имплементирање на заедничкиот информациски систем за животна средина од неколку земји во регионот
  • Имплементација на препораките за изработка и за онлајн споделување на избраните индикатори за животна средина
  • Осврт на индикаторите за биодиверзитет и енергија, активности за нивно подобрување и усогласување со Целите за одржлив разој
  • Се дискутираше за квалитетот и споредливоста на податоците
  • Република Македонија ќе учествува во пилот-земјите кои ќе направат самооценување на достапноста на податоците за животна средина до јавноста.
 
Submitted by almin on 05.07.2017 - 08:49