Работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина – ЕЕА

Ads
05.07.2017
Kopenhagen_ristojordanovski_2017Oд 30.05.2017 до 01.06.2015 година во Копенхаген, Данска, се одржa редовен работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина. На состанокот учествуваше Ристо Јордановски, Асистент координатор за соработка со Европската агенција за животна средина. Согласно дневниот ред, се одржа редовниот состанок на Координаторите од Западен Балкан заедно со претставниците од ЕЕА и беше дискутиран напредокот во годинешните известувања според ревизијата на приоритетниот проток на податоци, процесот на планирање на активности во рамки на ИПА 2 циклусот со што ќе продолжи јакнењето на капацитетите на земјите од Западен Балкан, и тематските претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање. Како дел од предвидените пленарни сесии беа опфатени активности поврзани со ревизијата на ЕЕА од страна на консултантот COWI со што Европската Комисија продолжува да ја следи и унапредува ефикасноста на агенциите на ЕУ, се одржаа презентации за планирањето и структурирањето на Извештајот за состојбата и перспективата на животната средина во европа – SOER2020, тематски презентации од претставници на ЕЕА поврзани со активности од повеќегодишната работна програма – MAWP, како и работа во групи со цел анализирање и придонес кон ревизијата на клучните процеси во рамки на EIONET мрежата и соработката со Европските Тематски Центри и ефикасноста во координацијата на активности од страна на ЕЕА.
Submitted by almin on 05.07.2017 - 08:53