Ads
28.06.2017
Во периодот од 19 – 20 јуни 2017 година во Копенхаген, Данска се одржа редовениот работен состанок на експертите за квалитет на слатки води. во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА),
На ссотанокот од Македонски информативен центар за животна средина учествуваше Аземине Шакири, нацинално контакт лице за известување за статус на водите во Македонија.
Цел на работилницата беше да се направи увид и дискусија за тековните и планираните активности од страна на Тематскиот центар за води, преглед и дискусија за подготовкка на извештајот за проценка на „Статусот на европските води„
На првиот ден претставниците од ЕЕА ги презентираа активностите предвидени за изработка на статус на водите. Додека вториот ден се работеше во групи каде секој учесник презентираше за стаусот на водите во својата земја задржувајќи се на еколошкиот статус, хемиски стаус и состојбата со квантитет на подземни води.