ЕЕА во трета официјална посета на Македонија

Ads
09.07.2018
EEA1(14 јуни 2018г.) Министерството за животната средина и просторно планирање денеска е домаќин на третата официјаната посета од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА. Настанот со поздравни обраќања го отворија заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, национално одговорното лице кон ЕЕА Светлана Ѓорѓева, раководотелот за соработка на ЕУ Делегацијата Никола Бертолини и извршниот директор на ЕЕА проф. д-р Ханс Брунинкс. Заблагодарувајќи им се на претставниците на ЕЕА и ЕУ за подршката и во зајакнувањето на капацитетите и во реализацијата на предизвиците во однос на собирање, обработка и доставување на информации за животната средина во текот на 20 годишната успешна соработка што е основа за градење на добри политики за животна средина, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Макрадули истакна: - Мило ми е што Република Македонија има забележителен успешен раст во нејзиното работење на она што се нарекува „приоритетниот проток на податоци и информации на ЕЕА", што секако го одразува процесот на градење капацитети во нашето Министерство, како и ефикасна координација на активностите со други експерти на национално ниво. Во моментов, со оценка од 78%, Република Македонија е рангирана дури и повисока од некои земји-членки на ЕУ.[su_custom_gallery source="media: 14960,14961,14962,14963,14964" limit="10" link="image" target="blank" title="never"] Извршниот директор, проф. д-р Ханс Брунинкс во поздравното обраќање изрази задоволство од нивото и резултатите на соработката што укажува дека на вистински начин се искористени парите што ЕУ ги дава за техничка помош на Македонија. Исто така, и тој го истакна податокот дека квалитетот на анализите и податоците што ги МЖСПП ги доставува преку ЕИОНЕТ мрежата, а кои што беа рапортирани во текот на денешната мониторинг мисија, ја рангираат РМ пред некои држави членки на ЕУ. Оваа посета од страна на извршниот директор, проф. д-р Ханс Брунинкс и делагацијата на високи претставнци од ЕЕА е планирана како дел од редовните посети на ЕЕА на 39 земјите членки на ЕИОНЕТ мрежата (мрежа за информации за животна средина и набљудување), во која Република Македонија веќе 20 години членува заедно со земјите од Западен Балкан - аспиранти за членство во ЕУ и земјите членки на Европската Унија. Европската агенција за животна средина, како агенција формирана од страна на Европската Комисија има мандат да ја информира јавноста, институциите, бизнисот, академијата и сите други засегнати страни, за состојбата и перспективата на животната средина во Европа. На овој начин, сите општествени чинители имаат можност поефикасно да развиваат релеватни политики и легислатива, да се прилагодуваат за ефикасно справување со еколошките предизвици и стандарди за заштитата на животната средина, но и ефикасно да комуницираат и известуваат со цел подобро разбирање на нашите одговорности како европски граѓани. Работата на ЕЕА силно ги поддржува целите кон системските транзиции на нашите општества, за да можеме да ја осигураме нашата благосостојба, но и да ги намалиме нашите влијанија и притисоци врз животната средина. Република Македонија редовно ги исполнува обрвските за известување кон ЕЕА во однос на Приоритетниот проток на податоци и информации од повеќето медиуми во животната средина, и со помош на ЕЕА и ИПА инструментот за предпристапна помош на Европската Комисија, континуирано работи и ги зајакнува своите институционални капацитети. Министерството за животна средина и просторно планирање има долгорочна цел за подигнување на стандардите за заштита на животната средина и усогласување со Европските политики и стратешки планови за воспоставување на процесите за одржлив развој. Со оваа трета посета од страна на Европската агенција за животна средина, се нагласува 20-годишната успешна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и взаемната поддршка кон остварување на највисоките цели од Европската агенда за информирање за состојбата и перспективата на животната средина во Европа.
Submitted by almin on 09.07.2018 - 13:48