Ревизија на ниво-3 на националните емисиони инвентари на загадувачките супстанци во воздухот

Ads
17.07.2018
kopenhagen_eea_2018Во период од 18-21 јуни 2018 година во Копенхаген Данска во седиштето на Европската агенција за животна средина се одржа Ревизија на ниво-3 на националните емисиони инвентари на загадувачките супстанци во воздухот во организација на Центарот за емисиони инвентари и проекции. Притоа, беа ревидирани инвентарите и информативните извештаи за инвентарите за 6 земји членки (Република Молдавија, Белорусија, Финска, Ерменија, Азербејџан и Украина) на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето. Во ревизијата за првпат учествуваше претставник од МЖСПП, м-р Александра Н.Крстеска, номинирано лице од листата на експерти и експерт за емисии во воздух, која како генералист вршеше ревизија на Инвентарите и Информативните извештаи за инвентарите доставени од страна на Република Молдавија, Белорусија и Украина. При техничката ревизија се проверуваа и оценуваа податоците за пресметка на националните емисии во воздух како и методологијата на пресметка, со цел подобрувања на инвентарите на емисии во однос на транспарентноста, конзистентноста, споредливоста, комплетноста и точноста на доставените податоци.  
Submitted by almin on 17.07.2018 - 07:56