Работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина – ЕЕА

Ads
16.02.2018
EEAOд 05.02.2018 до 09.02.2018 година во Копенхаген, Данска, се одржa редовен работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина. На состанокот учествуваше Светлана Ѓорѓева, Национален координатор и Ристо Јордановски, Асистент координатор за соработка со Европската агенција за животна средина. Согласно дневниот ред, се одржа редовниот состанок на Координаторите од Западен Балкан заедно со претставниците од ЕЕА, со цел да се анализираат процесите и планирањето на идните активности во рамки на IPA поддршката од страна на ЕУ, со чија помош, Европската агенција за животна средина спроведува активности за јакнење на капацитетите на земјите од Западен Балкан, за ефикасно исполнување на обврските за известување кон ЕЕА и редовно учество во работните програми на агенцијата. На овој состанок беа дискутирани и процесите за планирање на формални посети од страна на највисоките претставници на ЕЕА, со цел промоција на долгогодишната соработка на земјите од Западен Балкан со ЕЕА, презентација на работата и новостите од работната програма на ЕЕА, промоција на успешните активности реалзирани со земјите од регионот, како и со цел охрабрување на националните мрежи на тематски експерти, кои учествуваат во работните процеси и известувањата со податоци кон ЕЕА. На координативниот состанок помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕЕА, Националниот Координатор од Република Македонија, Светлана Ѓорѓева, дискутираше за успешната реализација и тековното известување со податоци за квалитет на воздухот, преку системот за e-Reporting, потребите за континуирано јакнење на капацитетите на учесниците од Западен Балкан во работта на ЕЕА, планирањето на изработката на брошура за историски преглед на соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕЕА, како и останатите процеси за планирање на активности во рамки на новата IPA програма за 2018-2020 година.  
Submitted by almin on 16.02.2018 - 14:30