Ads

15.09.2018

- На состанокот детално беа презентирани годишните активности на работната група согласно продолжениот мандат, за периодот од 2019 до 2021 година
- На барање на Комитетот за политиката за животна средина Работната група ги ревидира активностите до 2021 година, преку вклучување на мерливи резултати и давање приоритет на клучните активности во согласност со достапните финансиски ресурси
- Презентирани беа спроведените активности за имплементирање на заедничкиот информациски систем за животна средина од неколку земји во регионоти се дискутираше за онлајн платформата за споделување на избраните индикатори за животна средина
- Катерина Николовска учествуваше со презентација за изработка на национални извештаи за состојба на животната средина и бенефит од интегрираните извештаи за животна средина
- Сите членови на работната група имаат обврска да ги подготват бараните материјали и да дадат коментар на документите кои треба да бидат презентирани на следната министерска конференција за животна средина.