МК НИ 047 – 1 Туристички промет – Меѓународна туристчка посетеност

99
МК НИ 047 – 1
Туристички промет – Меѓународна туристчка посетеност
Дефиниција

Индикаторот го покажува вкупниот број на странски туристи по години на ниво на држава и според статистичките региони и структурата на посетителите по земја на припадност.

Единици
  • Број
Клучно прашање за политиката

Дали бројот на туристи има развојна димензија и каква е регионалната распределба на туристите?

Клучна порака

Во однос на меѓународната туристичка посетеност, вкупниот број на странски туристи во 2019 во однос на 1997 има развоен карактер, односно тренд на зголемување од 6,2 пати. Во 2020 како резултат на пандемијата предизвикана од Ковид-19, туризмот беше еден од најпогодените сектори. Бројот на странски туристи во 2020 во однос на 2019 се има намалено за 84%. Во 2021 година се гледа закрепнување на туристичкиот сектор и се гледа раст во однос на 2020 година од 1,5 пати.

Турција има значителен удел во бројот на странски туристи во Република Северна Македонија во разгледуваниот период со 931,429 туристи. Гледано по статистички региони најголем број странски туристи пристигнале во Југозападниот и Скопскиот регион. Во однос на доаѓањето на странски туристи по видови места, најголем број туристи има во Скопје со вкупно 2.805.196 туристи, а најмал број во бањските места со 69.095 туристи.

Со оглед на тоа дека туризмот претставува организирана дејност, неопходно е следење на овие показатели и активирање на организациските структури во заштитата на животната средина и нејзиното унапредување преку навремени интервенции и плански активности.

 

График 1. Вкупен број на странски туристи

CSI 047 1 2022 MK_g1

 

График 2. Вкупен број на странски туристи по земја на припадност во разгледуваниот период

CSI 047 1 2022 MK_g2

 

График 3. Држави кои имаат значителен удел во бројот на странски туристиво разгледуваниот период

CSI 047 1 2022 MK_g3

 

 

График 4. Доаѓања на странски туристи според статистички региониво разгледуваниот период

CSI 047 1 2022 MK_g4

 

График 5. Доаѓања на странски туристи по видови места во периодот од 2003 до 2021 годинаCSI 047 1 2022 MK_g5

 

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Од податоците на сликите може да се воочи дека Република Северна Македонија е посетена од голем број на земји во светот. Преовладуваат туристи од Европа, Северна Америка, Азија, и Австралија. Во структурата на посетеност во анализираниот период, доминантно место заземаат туристите од непосредното опкружување, односно Европа. Водечко место во првите дваесет држави кои имаат значителен удел во вкупниот број на странски туристи, имаат туристите од Турција, Грција, Бугарија, Србија и Албанија, додека од останатите континенти најмногубројни се туристите од Соединетите Американски Држави. Развојот на атрактивната и рецептивната база на Република Северна Македонија треба да овозможи поголемо присуство на туристи од западноевропските земји кои имаат поголема туристичка традиција, а со тоа и повисоко туристичко културно ниво. До 2019 година постои за одредени земји значителен тренд на зголемување, како за туристите од Малта за 90,6 пати. Исто така од 1997 до 2019 година има зголемување за 6,2 пати во вкупниот број на странски туристи. Но, со пандемијата предизвикана од Ковид-19 во 2020 година туризмот претрпе големи падови и бројот на странски туристи за дадената година изнесува 118.206 или пад од 6,4 пати во однос на 2019. Со надминување на здравствена криза во 2021 година се бележи закрепнување на туристичкиот сектор и во однос на 2020 година имаме зголемување на бројот на туристи за 1,5 пати (293.963 туристи).

Турција, во разгледуваниот период, има најголем удел од 12,2%, односно 931.429 туристи, додека Јужна Африка има најмал удел од 0,02%, односно 1.690 туристи, во вкупниот број на странски туристи во Република Северна Македонија.

Според регионалната дистрибуција водечки регионални центри се Скопскиот со 3.152.208 туристи и Југозападниот регион со 2.321.454 туристи, што укажува на два диференцирани региона со различни карактеристики. Во Југозападниот регион доминира атрактивноста на ресурсите, а во Скопскиот можноста за деловни активности. Останатите регионални целини поседуваат алтернативни можности кои произлегуваат од различните животни средини, затоа е важно да се следи посетеноста на странските туристи во поглед на редистрибуцијата на посетеноста.

Во однос на доаѓањето на странски туристи по видови места, најголем удел во вкупниот број на туристи има во Скопје со 41,5%, потоа езерски туристички места со 34,4%, други места со удел од 19,5%, планински места со удел од 3,6% и најмал удел имаат бањските места со 1,0% во вкупниот број на туристи.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.

Цели
  • Зголемување на бројот на странски туристи.
  • Интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам.
  • Определување на подрачја од приоритетно значење за развој на туризмот.
  • Поттикнување на размена на најдобра практика меѓу јавните и приватните туристички интереси.
  • Заштита на природното богатство и биодиверзитетот во туристичките дестинации.
  • Воведување и спроведување на законска регулатива во областа на туризмот, која ќе пропишува заштита на животната средина.
  • Промовирање на органско фармерство, производство на здрава храна и особено, традиционално производство нанекои производи (на пример, сирење, вино), производство на мед, одгледување на билки итн.
  • Промовирање на одредени типови на туризам како што се вински туризам, ловечки туризам, следење на птици итн.
Обврска за известување
  • Годишно до EUROSTAT
  • Светска туристичка организација WTO
  • Годишен статистички преглед за туризам и други услуги
  • Петтогодишна анкета за странски туристи во сместувачките објекти
Општи мета-податоци
Тема Туризам Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Вода, Природа, Отпад, Енергија, Транспорт, Бучава, Економија на животната средина и управување со ресурси
Код на индикаторот MK НИ 047-1 Временска покриеност 1997-2020
Име на индикаторот Туристички промет – Меѓународна туристичка посетеност Извор на податоци При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д, П Датум на последна верзија 05.07.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 047-1 Туристички промет – Меѓународна туристичка посетеност EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6, Clean water and sanitation
11, Sustainable cities and communities
12, Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
14.12.2022