
ЕУ Програмата ,,Живот” (LIFE) има за цел да ја олесни транзицијата кон одржлива, циркуларна, енергетски ефикасна, заснована на обновливи извори на енергија, климатско неутрална и климатски отпорна економија. Се очекува активностите кои ги поддржува оваа програма да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и да ја намалат ранливоста од штетните влијанија на климатските промени, да го обноват и подобрат квалитетот на животната средина, вклучително воздухот, водата и почвата, како и да влијаат позитивно и да ја намали загубата на биолошката разновидност и дегардација на природата. Во таа насока има за цел да ја намали и спречи деградацијата на екосистемите, вклучително и преку поддршка на имплементацијата и управувањето со мрежата Натура 2000, најголемата мрежа на заштитени подрачја во Европа.

ЕУ Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) поддржува проекти од следниве области: Природа и биодиверзитет, Кружна економија и квалитет на живот, ублажување и адаптација на климатските промени, транзиција на чиста енергија.

Подетално инфо за сите области можете да најдете на веб страницата за Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) LINK или на социјалната мрежа facebook LINK .
EU CINEA ги објави и роковите за различните повици за 2024 година. За повеќе информации за сите рокови, можете да кликнете на https://cinea.ec.europa.eu/…/life-calls-proposals-2024…
За нашата држава од 2023 година достапни се сите повици за аплицирање на EU LIFE.