Ќе се продлабочува соработката со Чешка

News
Средба со амбасадор на Република Чешка Н.Е. Јарослав Лудва
Ќе се продлабочува соработката со Чешка
29.07.2024
Се разговараше за можностите за зголемување на културната и економската размена, вклучително и за конкретни проекти што би можеле да донесат придобивки за двете земји.

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со амбасадор на Република Чешка Н.Е. Јарослав Лудва. На срдечната и плодна средба беа споделени мислења за прашања од заеднички интерес, како и за нови области и теми што можат уште повеќе да ги зајакнат билатерални односи на двете држави.

 

1

 

Се разговараше и за можностите за зголемување на културната и економската размена, вклучително и за конкретни проекти што би можеле да донесат придобивки за двете земји. Амбасадорот Лудва му честиташе на министерот Меџити за новата функција, изразувајќи целосната поддршка за заедничките иницијативи. Двете страни ја истакнаа важноста од блиска соработка за иднината.

 

2

 

Се разговараше и за изнаоѓање решение за изгласување на уставните измени во Собранието, со што ќе се отвора патот за евентуално отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Submitted by alfa4 on 29.07.2024 - 10:00