МК НИ 051 Врнежи

32
МК НИ 051
Врнежи
Дефиниција

Индикаторот ги покажува годишните врнежи, односно, вкупното количество врнежина одредена површина за одреден временски период, во течна или цврста состојба, и отстапувањата на годишната сума на врнежи од просечните врнежи на територија на целата земја или во одредени делови.

Единици
  • Милиметри (mm), процент %, литар на метар квадратен
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на врнежите?

Клучна порака

Во разгледуваниот период може да се забележи променлив тренд на средно годишните врнежи во сите четири разгледувани населениместа. Годишните отстапувања од просечните годишни врнежи за период од 1961 до 1990 година, за Битола се движат помеѓу 63% и 143%, за Штип помеѓу 62% и 169% и за Лазарополе помеѓу 68% и 146%. Во Скопје годишните отстапувања од просечните годишни врнежи за период од 1981 до 1990 година се движат помеѓу 67% и 176%.

 

График 1. Годишна сума на врнежи од 1990 до 2021 годинаво селектирани населени местаCSI 051 2022 MK_g1

 

 

График 2. Годишни отстапувања од просечнитесуми на врнеживо селектирани населени места (период 1990-2021)CSI 051 2022 MK_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Управа за хидрометеоролошки работи

Оценка

Индикаторот ги зема во предвид податоците за годишната сума(количество) на врнежи од 1990 до2021, просечната годишна сума на врнежизапериод 1961-1990 година и отстапувањата на годишните суми на врнежи од просечната вредност.

Дадени се податоци за Битола,втор град по големина, Лазарополе, место со најголеми иШтип,место со најмали просечнигодишни суми на врнежи во период 1961-1990година.За Скопје земени се во предвид просечниврнежизапериод 1981-1990 година.

Во Скопје количеството на годишнитеврнежи во2021 година во однос на просечнатагодишна сума на врнежи за период 1981-1990 година, e поголема за 27% од просекот. Најголемо количество на годишни врнежи од 782,9 mm имало во 2014 година. Во оваа година било и најголемото отстапување од долгогодишните просечни врнежи во периодот од 1981 до 1990 година, и изнесува 76%. Година со најмалку врнежи е 2000, со 296,4 mm што е за 33 % помалку од долгогодишните просечни врнежи во периодот од 1961 до 1990 година.

ВоБитолаколичеството на годишнитеврнежи во2021 година во однос на просечнатагодишна сума на врнежиза период 1961-1990 годинае поголемо за 14% од просекот. Најголемо количество на годишниврнежи од 863,8 mm имало во 2002 година. Oваа година било и најголемото отстапување од долгогодишнитепросечниврнеживо периодот од 1961 до 1990 година, и изнесува 43%. Година со најмалку врнежи е 2011, со 383,1 mm што е за 37 % помалку од долгогодишните просечни врнежи во периодот од 1961 до 1990 година.

Во Штип количеството на годишните врнежи во 2021 година во однос на просечната годишна сума на врнежи за период 1961-1990 година, е поголемо за10% од просекот. Најголемо количество на годишниврнежи од 799,4 mm имало во 2014 година. Oваа година било и најголемото отстапување од долгогодишните просечни врнеживо периодот од 1961 до 1990 година и изнесува 69%. Година со најмалку врнежи е 1990, со 294,4 мм што е за 38 % помалку од долгогодишните просечни врнежи во периодот од 1961 до 1990 година.

Во Лазарополе количеството на годишните врнежи во 2021 година во однос просечната годишна сума на врнежи за период 1961-1990 година е поголемо за 3% од просекот. Најголемо количество на годишни врнежи од 1566,5 mm имало во 2010 година. Oваа година било и најголемото отстапување од долгогодишнитепросечниврнеживо периодот од 1961 до 1990 година, зголемување за 46%.Година со најмалку врнежи е 1990, со 730,5 mm што е за 32 % помалку од долгогодишните просечни врнежи во периодот од 1961 до 1990 година.

Според овој индикатор и анализираните мерни места може да се заклучи дека на територијата на Република Северна Македонија врнежите се променливи и во простор и во време.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Врнежите се мерат со: дождомер, омброграф (плувиограф) и автоматски сензор за врнежи (кај автоматска метеоролошка станица). Инструментите се поставени на отворен простор, на висина од 1 метар. Со дождомерот се мерат вкупните акумулирани врнежи за одреден период. Временската резолуција може да биде: 6 часа, 12 часа и 24 часа. Во пракса најчесто се работи со дневната сума врнежи. Под дневна сума врнежи се подразбира количината наврната во периодод 07 часот вчера до 07 часот денес.

Омбрографот е механички регистрирaн инструмент кој ги бележи врнежите во тек на времето. Неговата минимална временска резолуција е меѓу 1 и 10 минути, во зависност од типот на инструментот.

Автоматскиот сензор за врнежи е електронски сензор. Има променлива временска резолуција, почнувајќиод 1 минута.

Врз основа на дневната сума врнежи се врши пресметување на месечните, годишните и повеќегодишната просечна годишна сума на врнежи.

Од податоците од омбрографот и автоматскиот сензор за врнежи може да се пресмета интезитетот на врнежите (количината врнежипадната во единица време).

Во минатото метеоролошките мерења во Скопје се одликуваат со чести промени на локацијата. Првите метеоролошки мерења во Скопје датираат од 1924година (дождомерна станица), а како климатолошка станица започнува со мерења во 1944 во стар Аеродром (сегашна локација на бул. Јане Сандански) и потоа во 1967година станицата се преместува на тогашниот аеродром Петровец, сега Александар Велики. Метеоролошката станица на Зајчев Рид е основана 1978година, и одтогаш работи со постојани мерења на метеоролошките елементи и појави.

Според досегашните истражувања вршени во Секторот за метеорологија и добиените резултати, Главната метеоролошка станица Скопје е порепрезентативна за Скопската котлина и поширокото урбано подрачје на градот Скопје, за разлика од станицата на Меѓународен аеродром Скопје чија основна намена се метеоролошки мерења за воздухопловството.

Од наведените причини, како најрелевантни податоци ги предлагаме податоците од Скопје (Зајчев Рид), како современа метеоролошка опсерваторија. Заради претходно кажаното за град Скопје земени се долгогодишни просечни врнежи за периодот од 1981 до 1990 година.

Цели

Нема дефинирани цели

Обврска за известување
  • Светска метеоролошка организација.
Општи мета-податоци
Тема Климатски промени Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Вода, Почва и користење на земјиште, Природа
Код на индикаторот MK НИ 051 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Врнежи Извор на податоци Управа за хидрометеоролошки работи
Класификација по ДПСИР И Датум на последна верзија 21.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Александар Проданов
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
aprodanov@meteo.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 051 Врнежи EEA – Европска агенција за животна средина IND-91, CLIM 002
Mean precipitation
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа B2/27
Atmospheric precipitation
Каталог на индикатори за животна средина 57 – Mean precipitation
SDG – Цели за одржлив развој 13, Climate action
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не