Одделение за информатичка технологија

Одделение
Управување со националниот информативен систем за животна средина, обезбедување ИТ безбедност и техничка поддршка на вработените во Министерството
Одделение за информатичка технологија

Основните задачи на Одделението за информатичка технологија се обезбедување на ИТ сервиси за сите вработени во МЖСПП, одржување на информатичката инфраструктура на МЖСПП и развивање на Националниот информациски систем за животна средина, како и e-mail сервис за МЖСПП, oбезбедување LAN и WAN сервиси за МЖСПП, обезбедување wireless конекција помеѓу различните локации на МЖСПП, обезбедување и одржување пристап до Интернет, обезбедување firewall заштита на мрежата, централизирана заштита од компјутерски вируси, инсталирање и конфигурирање на новонабавена опрема, едитирање и ажурирање на содржините на web порталот на МЖСПП, техничка подготовка (desktop publishing) на брошури и извештаи од обработени податоци од животната средина.

  • Развој и одржување на Националниот информациски систем за животна средина (НИСЖС)
  • Обезбедување мрежни сервиси (LAN и WAN) за потребите на МЖСПП
  • Одржување и редовен update на Web порталите на МЖСПП
  • E-mail сервиси
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30