Announcements
Министерот за животна средина и просторно планирање донесе УПАТСТВО за постапување на општините
25.12.2024
Министерот за животна средина и просторно планирање донесе УПАТСТВО за постапување на општините, општините во градоот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила. Целта на ова упатство е да се обезбеди:
- Прецизни процедури и правила: Уредување на постапката за идентификација, отстранување, складирање и управување со напуштените или отпадните возила на јавни површини во согласност со законските прописи.
- Заштита на животната средина: Намалување на штетните влијанија од отпадните возила врз животната средина, како што се загадувањето на почвата, водите и воздухот.
- Подобрување на јавниот простор: Отстранување на возилата кои го нарушуваат естетскиот изглед на урбаните и руралните средини и го загрозуваат квалитетот на животот на граѓаните.
- Безбедност: Спречување на можни несреќи или опасности кои би можеле да произлезат од напуштени возила (на пр., пожари или експлозии од возила кои содржат опасни материи).
- Подобрување на управувањето со отпадот: Обезбедување на соодветна рециклажа и правилно ракување со деловите и материјалите од отпадните возила.
Ова упатство ги насочува локалните власти кон правна, ефикасна и одговорна постапка при справување со вакви возила, согласно законите за управување со отпадот.
Упатството може да се види на следниот линк: https://www.moepp.gov.mk/uslugi/otpad