МЕЏИТИ: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

News
Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување
Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ
25.12.2024
Oфицијално започна имплементацијата на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“

Скопје, 25.12.2024г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци.

Договорот e во висина од 300.000 евра и истиот ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување.

Со ова и официјално започна имплементацијата на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ за кој средствата во висина од 55 милиони евра се обезбедени преку заемот од Европската инвистициска банка.

Со заемот се опфатени сите општини во Република Северна Македонија кои со свои приоритетни проекти аплицираат до Министерството за нивна реализација.

Имплементацијата на проектот за подобрување на водната инфраструктура се одвива со забрзана динамика и во нардните денови се очекува да бидат потпишани договори за јавни набаки со најповолни понудувачи за извршување на работите во уште неколку општини во државата. 

Submitted by alfa4 on 25.12.2024 - 14:51