Покана до медиумите

Announcements
Настан по повод заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Покана до медиумите
23.12.2024
Почитувани

Ве покануваме на настан кој ќе се одржи денес, понеделник, 23 декември 2024 година, во 11:15 часот, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.

Настанот е по повод заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од министерот Изет Меџити и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од министерката Сања Божиновска.

Станува збор за иницијатива која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија кои се енергетски ефикасни и достапни за сите граѓани. Деталите ќе бидат соопштени на самиот настан.

Овој настан ја потврдува посветеност на двете министерства за спроведување на иновативни проекти кои ќе придонесат за одржлива и зелена мобилност во Скопје.

Вашето присуство ќе биде од големо значење за поткрепување на оваа иницијатива.


Ве очекуваме

Со почит,
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
 

Submitted by alfa4 on 23.12.2024 - 09:00