1,7 милиони евра шведска помош

News
Поддршка на пристапот на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина
1,7 милиони евра шведска помош
04.12.2024

Скопје, 04.12.2024г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и амбасадорката на Шведска Н.Е Ами Ларсон Џеин потпишаа Mеморандум за соработка за спроведување на проектот „Поддршка на пристапот на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“.

Со шведската помош ќе се работи на зајакнување на капацитетите на МЖСПП во координацијата и управувањето со процесот на приближување кон ЕУ и олеснување на преговорите од Поглавјето 27, како и подобрување на интерсекторска и меѓусекторска соработка. Исто така, ќе се работи на зголемување на капацитетот и соработката помеѓу креаторите на политики и засегнатите страни на локално, национално и регионално ниво. Проектните активности ќе бидат сконцентрирани во секторот за ЕУ Интеграција на МЖСПП и  во делот на управување со биолошката разновидност и климатската адаптација.

Проектот ќе се спроведува до 31 мај 2027 година. Финансиите, во висина од 1.7 милиони евра, се обезбедени преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA), а го спроведува Шведската агенција за животна средина (SwEPA) во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање.

Submitted by alfa4 on 04.12.2024 - 16:42