15.11.2024г. Денес во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за европски прашања се одржа пленарен состанок на Секторската работна група за животна средина со цел презентирање на националните стратешки приоритети во областа на индустриско загадување, интегрирано спречување и контрола на загадувањето и идни планови.
Состанокот го отворија директорот на Управата за животна средина Игор Никоски и шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин.
На состанокот се презентираа и се дискутираше за статусот на имплементација, предизвици и идни планови во областа на индустриското загадување со цел подобра координација на поддршката на донаторите во однос на реализацијата на националните активности во презентираниот сектор во наредниот период, како и создавање на посилни и поефикасни решенија за контролата на индустриското загадување и усогласување со стандардите на Европската Унија за заштита на животната средина.
Секторските работни групи одржуваат редовни состаноци двапати годишно на посебни области, со цел продолжување на секторскиот пристап во работата. Состаноците на секторската работна група за животна средина и климатски промени имаат за цел обезбедување дијалог за спроведување на политиките, стратешките приоритети, национални програми, со цел обезбедување на оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети и финансиската поддршка на ЕУ, но и учество на другите институции, донатори и невладини организации.