Продолжува соработката со Швајцарија за подобрување на условите на живот на граѓаните

News
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари средба со Мариса Руоз програмскиот менаџер на Државен секретаријата за економски работи на Швајцарија (SECO)
Продолжува соработката со Швајцарија за подобрување на условите на живот на граѓаните
30.10.2024

Скопје, 30.10.2024г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари средба со Мариса Руоз програмскиот менаџер на Државен секретаријата за економски работи на Швајцарија (SECO), Кармен Тонисен регионален советник за води и животна средина и Станислава Додева национален програмски советник во Амбасадата на Швајцарија во Скопје.

Во пријатна атмосфера тие разговараа за досегашната добра соработка и проектите што партнерски ги реализираат Министерството и SECO, но и за инфраструктурни проекти што заедно би ги отпочнале во 2025 година, а со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и заштита на природата и животаната средина.

Submitted by alfa4 on 30.10.2024 - 17:08