Заменик министерката Лашкоска оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду

News
На средбата се разговараше за соработката во реализација на заедничките прекугранични проекти, пред се за регионот на Преспа и заштитата на Преспанското Езеро
Заменик министерката Лашкоска оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду
02.10.2024

Скопје, 02.10. 2024г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денеска, оствари протоколарна средба со амбасадорката на Грција во Скопје Н.Е Софија Филипиду и нејзината заменичка Георгија Андреади.

На средбата се разговараше за соработката во реализација на заедничките прекугранични проекти, пред се за регионот на Преспа и заштитата на Преспанското Езеро. Исто така,  во пријатна атмосфера се разговараше и за другите проекти што во моментот се реализираат преку Министерството за животна средина и просторно планиарње, како и за можностите за продлабочување на истата.

Submitted by alfa4 on 02.10.2024 - 20:34