Средба со амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ

News
Првиот заменик претседател на Владата Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ
Првиот заменик претседател на Владата Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ
27.09.2024
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Скопје, Н. Е. Нивес Тигањ

Меџити искажа благодарност за поддршката што Хрватска несебично ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративните процеси, истакнувајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се залагаат за исполнување на реформската агенда за пристапување кон Европската Унија и тоа е цврсто детерминирано во владините политики и закони, а во насока на фаворизирање на растот, инвестициите и вработувањето.

На средбата се истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање имплементира многу проекти поддржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои и големи инфраструктурни проекти, како и национални стратегии за кои е потребна здрава економија и дека во последниве години е постигнат значителен напредок во областа и покрај тоа што сеуште останува најдминување на многу предизвици. 

Амбасадорката Тигањ му го честита назначувањето на Меџити на функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и ја потврди подотвеноста да ѝ помогне на нашата држава со размена на искуства во програмските приоритети за остварување на соработката во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА и во приближувањето и имплементацијата на националното законодавство во областа на животната средина со она на ЕУ.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање истакна дека постои стабилна коалиција и дека е посветен на промена концептот на владеење кој што не треба да биде само симболика. 

Двете страни се согласија дека заеднички интерс е обновувањето на Договорот за соработка  меѓу двете држави потпишан во 2002 година.

Галерија
Submitted by moepp on 27.09.2024 - 10:00