Лашкоска: МЖСПП речиси три децении посветебно работи на еколошко управување со хемикалии

News
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, со поздравно обраќање,  го отвори 27-от Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, што од 25 до 28 септември се одржува во Охрид. 
Лашкоска: МЖСПП речиси три децении посветебно работи на еколошко управување со хемикалии
26.09.2024

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, со поздравно обраќање,  го отвори 27-от Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, што од 25 до 28 септември се одржува во Охрид. 

Изразувајќи задоволство за поканата да биде дел од овој настан, Лашкоска се осврна на активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во делот на здраво и еколошко управување со хемикалии. 

Таа истакна дека МЖСПП во текот на речиси тридецениското активно во управување со одредени хемикалии има постигнато сериозни резултати. Тоа особено е евидентно во управувањето со перзистентните органски загадувачи  (POPs). Овие резултати се вградени во анксите на Стокхолмската конвеција за POPs која е ратификувана од нашата држава, а изработен и Национален план за редукција и елиминација POPs и реализирани се и гигантски директни активности за отстранување на линданот и неговите изомери од поранешниот хемиски гигант „ОХИС“. 

Министерството за животна средина и просторно планирање иницираше активности потребни за справување со живата како составен дел од историското загадување, за што е иницирана ратификација на Минимата конвенцијата за жива, а со донесувањето на Законот за ратификација, државата ги прифати сите обврски што произлегуваат од неа. 

„ Исто така,  групата на супстанци и смеси што ја осиромашуваат озонската обвивка во МЖСПП се третираат речиси 28 години и со право може да се каже дека сме во чекор со меѓународната заедница преку елиминација на 99% од потрошувачката на овие супстанци“ истакна Лашкоска. 

Во своето обраќање заменик министерката Лашкоска го повтори ветувањето на Владата од пред три месеци дека средствата за наука ќе бидат зголемени од досегашните 0.34% на 1 % од БДП, а на тие средства ќе биде додаден еден денар од акцизиите за нафта, со што ќе се даде поддршка на универзитетите и развојот на науката.  

Конгресот го организира Технолошко- метарулшкиот факултет при Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 

Submitted by alfa4 on 26.09.2024 - 16:46