МЖСПП: Подготвен e нацрт на Националната стратегија за управување со отпад (2024-2036)

Announcements
Нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036
МЖСПП: Подготвен e нацрт на Националната стратегија за управување со отпад (2024-2036)
12.09.2024
Националната политика за управување со отпад во Северна Македонија

Согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување на долгорочен и одржлив систем за управување со отпад, МЖСПП подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина.

НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во Северна Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство и барања за отпадот. НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад.

Општата цел на НСУО 2024 - 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето.

Нацрт стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена се достапни на интернет страната на МЖСПП, во делот на “Соопштенија” (www.moepp.gov.mk), како дел од јавниот увид (19.09.2024 – 19.10.2024). Со цел пошироко вклучување на заинтересираната и засегната јавноста, беа организирани 6 јавни расправи во земјата (Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје).

Сите заинтересирани можат своите забелешки и коментари да ги достават до МЖСПП согласно инструкциите дадени на посочената интернет страна.

Submitted by alfa4 on 12.09.2024 - 10:49