News
Размена мислања за заедничките проекти што МЖСПП и државата ги реализираат во соработка со Амбасадата на САД
11.09.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со претставници на американска амбасада во државава.
На средбата тие разменија мислања за заедничките проекти што Министерството за животна средина и просторно планирање и државата ги реализираат во соработка со Амбасадата на САД, како и за можностите за продлабочување на таа соработка.
Заменик министерката Лашкоска ги презентираше и другите позначајни тековни и планирани активности на Министерството и искажа благодарност за поддршката што САД, како наш стратешки партнер и ја пружа на државата.