Прва EIONET работилница на NRC групата за индустриско загадување

Ads
12.03.2015
eea1 На 04.03.2015 год. во седиштето на Европската Агенција за животна средина (ЕЕА), Копенхаген, Данска, се одржа првата EIONET работилница на EIONET NRC групата за индустриско загадување. Оваа работилница имаше неколку цели:  
  • претставување на EIONET NRC групата за индустриско загадување и ЕЕА работен план за периодот 2014-2018;
  • да се дискутира за прашањата за квалитетот на податоците во врска со:
  • Е-PRTR и,
  • известување за протокот на податоци во врска со LCP Директивата;
  • да дискутираат и споделуваат искуства за известувањата за состојбата на животната средина (SOE) и развој на индикатори за индустриско загадување.
На работилницата од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше Павле Малков (член на EIONET NRC групата за индустриско загадување). На работилницата, беше наведено дека во рамките на повеќегодишниот план за работа на ЕЕА (European Environmental Agency), MAWP 2014-2018 (http://forum.eionet.europa.eu/nrc-industrial-pollution) зголемен фокус се насочува кон индустриското загадување и причините за воведување на национален референтен центар (NRC) за индустриско загадување. Во рамките на оваа работилница се зборуваше за:
  • Преглед на активностите на ЕЕА во периодот 2014-1018;
  • Целите на оваа работилница;
  • Водич за улогата на NRC претставниците со претставување на EIONET алатките и процесите;
  • Известување за индустриско загадување во ЕУ (IED, E-PRTR, LCP) (преглед на развојните политики и можности, процеси на известување и воспоставување временски рамки за ИТ инфраструктура, IED и вклучување на LCP во E-PRTR известувањето);
  • Управување со протокот на информации за E-PRTR (проверка на податоците и нивна верификација со потенцијални подобрувања за во иднина), подобрување на E-PRTR и тригодишен преглед (процес и временска рамка);
  • LCP Директива (рамка за известување и предложен QA/QC процес);
  • SOER (State of the Environment Reporting) 2015 фиш за индустриско загадување (подобрување на рамката на состојбата за известување за животната средина преку развој на идни индикатори за индустриско загадување);
  • Искуства на земјите околу состојбата за известување за животната средина и индикаторите за индустриско загадување.
 
Submitted by almin on 12.03.2015 - 14:59