Учество на 18-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и 11-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина

Ads
12.07.2016
Sostanok WGEMA i JTFВо периодот од 27.06 до 01.07.2016 година во Женева, Швајцарија, се одржа 18-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и11-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE). Со состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина претседаваше Катерина Николовска, која е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.   Главна тема за дискусија на состанокот беше информирање на работнта група за резултатите од Осмата министерска конференција за животна средина која се одржа во Батуми, Грузија
  • Активностиу за постигнување напредок после конференцијата во Батуми: Воспоставување и спроведување на заеднички информациски систем за животна средина во Пан-европскиот регион
  • Имплементација на препораките за изработка и за онлајн споделување на избраните индикатори за животна средина
  • Осврт на индикаторите за отпад, активности за нивно подобрување
  • Предлог за проширување на сетот на индикатори.
 
Submitted by almin on 12.07.2016 - 07:46