Ads
04.10.2016
Во периодот од 20.09.2016 год. до 23.09.2016 година во Копенхаген, Данска, се одржа состанок на Работната група на експертите за бучава во животната средина во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
На состанокот на Работната група за за бучава во животната средина учествуваше Катерина Николовска, која е активно е вклучена во работата на оваа група.
- Работната група детално ги разгледуваше одредбите од Директивата за бучава во животната средина, се дискутираше за процесот за известување, подготовка на стратешки карти за бучава и мрежата на ЕЕА за набљудување на информативниот систем за бучава во животната средина на Европа.
- На состанокот работната група детално ги разгледа одредбите од Директивата за бучава во животната средина кои се однесуваа на вториот и третиот циклус на подготовка на стратешки карти за бучава и користење на CNOSSOS-EU - заедничка платформа за развој и усогласување на методите за проценка на бучавата во сите земји.