Управното тело на ЕМЕП протоколот

Ads
22.11.2018
lrtapВо период од 10-14 септември 2018 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржа четвртата заедничка сесија на управното тело на ЕМЕП и работната група за ефекти. Состанокот е организиран од Обединетите нации како надлежен орган на Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP) и именуваните тела кои произлегуваат од неа. Република Македонија ја има ратификувано и потпишано оваа конвенција и во 2010 година ги ратификуваше сите протоколи кон неа. На состанокот беа презентирани резултатите постигнати од различните технички тела на конвенцијата како на пример мерења и моделирање на концентрации на фотохемиски оксиданси, тешки метали, прашина и тешко разградливи органски соединенија на ниво на Европа. Воедно земјите ги презентираа активностите кои ги преземаат за спроведување на Кооперативната програма за мониторинг и евалуација на прекуграничното аерозагадување. На состанокот беше презентиран прогресот во подготовката на емисионите инвентари, како и беше разгледувана состојбата со спроведување на активностите наведени во работниот план за период 2018-2019 година за ова работно тело. На овој состанок присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.  
Submitted by almin on 22.11.2018 - 09:06