Ads
26.11.2018
Во периодот од 12.11.2018 до 16.11.2018 година во Тулуз, Франција, се одржа годишна конференција на националните GLOBE координатори за Европа и Евроазија во рамки на програмата GLOBE - Глобално учење и набљудување во полза на животната средина на која учествуваа претставници од 23 земји.
На конференцијата од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, која ги спроведува активностите на GLOBE програмата во Македонија, а истовремено е и GLOBE тренер.
- Учесниците од секоја земја имаа презентација за спроведување на активностите на земјата во рамките на GLOBE Програмата
- Се одржа обука за спроведување на протоколите за атмосфера и хидроологија и обука за GLOBE тренерите
- Се дискутираше за учество во проекти кои се спроведуваат во рамките на програмата и администрирање и користење на новата веб страна на Програмата
- Се разгледуваше програмата за работа и стратешкиот план за 2019 година
- Особено корисни беа споделените искуства помеѓу земјите учеснички.