Ads
17.12.2019
Во период од 02.12-05.12.2019 година во Брисел, Белгија, се одржа работен состанок на Управниот Одбор на Европската агенција за животна средина, каде за прв пат со статус на набљудувач, учествуваше претставник од земјите од Западен Балкан, како земји соработнички со ЕЕА. На овој состанок, Државниот Секретар, Ана Петровска имаше улога на набљудувач во Управниот Одбор на ЕЕА односно претставник на земјите од Западен Балкан.
Оваа одлука на ЕЕА и Управниот Одбор, да се додели статус на набљудувач на еден претставник од Западен Балкан, е резултат на долгогодишни процеси за унапредување на формалниот статус и соработката помеѓу ЕЕА и земјите соработнички од Западен Балкан и претставува важен напредок за институциите кои соработуваат со ЕЕА, јакнењето на капацитетите на земјите за исполнувањето на обврските кон институциите на ЕУ и процесот на интеграција во работата на Агенциите на Европската Комисија.
Учеството Светлана Ѓорѓева на овој состанок, како NFP - Национален координатор за соработка со Европската агенција за животна средина, беше од особена важност поради формалните процеси поврзани со учеството на национален набљудувачот во Управниот Одбор, Ана Петровска, како и поради нивното заеднично учество на настанот за промоција на Извештајот за состојбата и перспективата на животната средина во Европа – SOER 2020. Овој извештај, ЕЕА го подготвува секои 5 години и Република Северна Македонија, преку Македонскиот информативен центар за животна средина, учествува во неговата изработка со свои податоци, индикатори и релевантни проценки.[su_custom_gallery source="media: 19470,19471,19472,19473" limit="10" link="image" target="blank" title="never"]