Ads
17.12.2019
Во период од 09.12 - 11.12.2019 година во Виена, Австрија, се одржа регионален координативен состанок на NFP – Националните координатори за соработка со Европската агенција за животна средина, заедно со претставниците од ЕЕА задолжени за соработка со земјите од Западен Балкан и претставници од делегациите на Европската Комисија во земјите од Западен Балкан. Овој координативен состанок претставува завршен состанок од тековниот IPAMulti-Beneficiary циклус за јакнење на капацитетите на земјите од Западен Балкан, за исполнување на обврските кон ЕЕА. Учеството на претставници од регионалните ЕУ делегаци е со цел постигнување на поголема усогласеност во процесите на планирање, поставувањето на приоритетите, како и тематските насоки помеѓу ЕУ делегациите, Министерствата, Агенциите за животна средина и ЕЕА.
На овој координативен состанок учествуваше Националниот координатор за соработка со ЕЕА, Светлана Ѓорѓева, со презентација за искуствата и напредокот во воспоставувањето на Национален информативен систем за животна средина, како и презентација за работата и успесите на националната EIONET мрежа на експерти и постигнувањата од соработката со ЕЕА, активностите од изминатиот период и квалитативниот придонес во планирањето на идниот IPA Multi-Beneficiary циклус за јакнење на капацитетите на експертите од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Покрај презентациите од земјите од Западен Балкан, презентации одржаа и претставниците од ЕУ делегациите од истите, претставниците од Европската Комисија во Брисел, Директоратот за проширување на ЕУ- DG NEAR, Директоратот за животна средина на ЕУ – DG ENV, како и Австриската агенција за животна средина- UBA, која има активна улога во земите од Западен Балкан преку проекти за зајакнување на институционалните капацитети за заштитата на животната средина.[su_custom_gallery source="media: 19465,19466,19467" limit="10" link="image" target="blank" title="never"]